Одделението за истраги при Царинската управа вчера до Основното јавно обвинителство во Куманово поднело кривична пријава против правно лице со седиште во Крива Паланка, поради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“ казниво по член 279-б од Кривичниот законик.

Станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа е пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари, или 1,66 милиони евра, велат од Обвинителството.

Имено, се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.