Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив“ вели обвинителката Фатиме Фетаи по изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски дека бомбите биле модифицирани и компромитирани.

Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Сакам да напоменам дека никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: ’Сечени, лепени, монтирани‘, што ја кажуваа во медиумите“, рече Фетаи, како што пренесеува порталот „СакамДаКажам“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.