На 01.09.2020 околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.