Вчера во 11.15 часот во СВР Струмица биле приведени Д.М.(22) и И.С.(39), двајцата од Богданци.

На местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени 27 лица – мигранти (10 од Авганистан и 17 од Пакистан).

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.