Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода двајца бегалци од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Од МВР соопштуваат дека лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните.

-Денеска околу 15.45 часот на ул.„Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.О.(56) од Гостивар и Е.М.(29) од с.Франгово, струшко. Околу 14:30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште  четири години од казната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Посочуваат дека лицата биле затекнати со патничко возило и кај нив биле пронајдени и одземени 120.000 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.