Рано утрово полицијата од скопската општина Гази Баба приведе четири лица, М.М. (24), Б.С. (22), К.К.М. (29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје.

Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево. ММ., Б.С. и К.К.М. го признале делото, а во консултација со јавен обвинител за малолетници, малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор. Одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.