Тетовската полиција информира дека денеска е поднесена кривична пријава за четири лица со што се расчистени 14 тешки кражби, обиди за тешки кражби и кражби. Станува збор за четворица осомничени од гостиварки Добридол кои се сомничат дека краделе во неколку тетовски села. 

-Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ф.(21), Е.А.(26), А.Д.(22) и 17-годишник, сите од гостиварското село Добридол. Тие се сомничат дека извршиле девет тешки кражби, четири тешки кражби во обид и една кражба, казниви по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик. Тие делата ги вршеле во куќи и помошни објекти во тетовските села Боговиње, Пирок, Долно Палчиште, Горно Седларце, Синичане и Камењане, каде со употреба на сила влегувале и одземале пари, накит и други предмети, по што дел од накитот го продавале во златарници во Гостивар, информираше портпатолот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. 

Осомничените се товарат дека кражбите ги направиле во април, мај, август и септември годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.