Несовесен возач кој пред три дена прегази пешак во Битола и наместо да му помогне избега од местото, бил пронајден и уапсен од полицијата. Станува збор за Г.П.(44) од битолското село Бистрица.

Осомничениот на 29 јануари на улицата Васко Карангелевски во Битола со автомобил удрил во пешакот С.В.(56) од Битола и избегал. Тешко повредениот пеашк бил однесен во Клиничката болница во Битола, а утредента починал.

Како што информира МВР, на 31 јануари во 21.20 часот полицајци од полициска станица за безбедност на сообраќајот -Битола и од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина, го уапсиле Г.П.(44). Уапсениот се сомничи за сторени кривични дела по член 300 и член 301 став2 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.