Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот Н.Р.(44), затоа што во периодот од 27.09.2022 до 03.10.2022 година извршил „тешка кражба“ во работилница на ул. „Коце Цветков“ во Велес, сопственост на 71-годишен велешанец, при што одзел поголем број производи.

Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – информираат од МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.