На 22.04.2023 во 00:05 часот на ул.„Антон Попов“ полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.М.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во стан.

Тој бил затекнат на местото на настанот од полициските службеници, кои веднаш го лишиле од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.