На 04.08.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип, бидејќи околу 10.30 часот бил затекнат при вршење кривично дело „тешка кражба во обид“. Тој со употреба на сила и погоден предмет насилно отворил влезна врата на подрум во зграда на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип.
М.А. бил приведен и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.