Ноќеска, во 00.15 часот, на ул. „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат од полицајците при извршување „тешка кражба“ во аптека.

Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.