Полицијата привела крадец кој попладнево нападнал жена во скопската населба Бутел 1 и притоа ѝ украл златен ланец.

Од полицијата информираат дека станува збор за 22-годишен скопјанец со иницијали Ф.С.

Тој кратко пред да биде приведен, на крстосницата помеѓу улиците Хо Ши Мин и Лазо Дренков ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец – информираат од МВР.

По приведувањето, Ф.С. го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.