Полициски службеници од СВР Штип, вчера во 17:00 часот го привеле триесетгодишниот штипјанец Ш.Н., кој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор.

Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираа од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.