Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, вчера во 16:50 часот, на улица „Владимир Полежановски“ во Скопје, го лишиле од слобода М.Д.(38) од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, поради бегство од затворот.
Лицето било предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.