Едно лице загинало, а две се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случила на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост.

Како што информира АМСМ, од 18 часот сообраќајот на патниот правец Скудрински Мост – Дебар се одвива по една лента наизменично.

Според првичните информации на СВР Тетово, во сообраќајната несреќа која се случила попладнево учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил „хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.

Наскоро се очекува да започне и увид од страна на јавен обвинител и увидната екипка на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.