Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донел наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело „убиство“.

Осомничениот, како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице.

Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина почнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.