Сите вработени и посетители во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Вработените раскажуваат дека полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.

Од СВР Скопје за „Република“ ја потврдија инфомрацијата. Околу 12 часот од управата на „Сити мол“ им пријавиле дека имаат дојава за бомба.

Единицата за антитероризам во моментот е на лице место, информираат за „Република“ oд полицијата.

На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.