Шоќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, за весникот Лајм вели дека од поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, добил закани по живот. Преку неговиот брат, Ел Чека до весникот Лајм испратил Вибер разговор, за кој вели дека го остварил со поглаварот на ИВЗ.

Разговорот што го доставил содржи сериозни навреди од страна на шефот на ИВЗ кон Ел Чека. Тој меѓу другото вели: „Јас не сум Али Ахмети, јас сум дибранец…“. Разговорот за кој тој тврди дека го имал со поглаварот на ИВЗ, Ел Чека го објави и на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со бројот на претседателот на ИВЗ.

Ова е причината зошто човек како овој Сулејман Реџепи кој користи јазик како неговиот шеф Али Ахмети треба да си оди од Исламската верска заедница. Не го разбирам овој Сула зошто се налути, можеби предавството на неговиот син со пријателите на неговиот татко кон Харун Алиу, пишува Ел Чека. Тој вели дека случајот го пријавил и во полиција.

 

И покрај обидите, Лајм не успеа да го контактира кабинетот на Реџепи за да добие изјава за ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.