Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, повторно објавува прислушувани материјали за високи функционери на ДУИ.

Тие според него, се вклучени во омаловажувачки дејствија, a се истакнува и случајот со убиството на Харун Алиу.

Разговорите се водат главно помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети со спикерот Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери, но и други разговори.

Објавувањето на прислушувани разговори од Кичевецот Ел Чека доаѓа четири дена откако судoт во Кичево го осуди на една условна година затвор, ако во наредните две години не направи ново кривично дело. Ел Чека претходно најави дека во мај може да се врати во земјава. Адвокатот на Ел Чека најави жалба до Апелациониот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.