Околу 15.20 часот, на булеварот „Митрополит Гологанов“, веднаш до студентскиот дом „Гоце Делчев“, на самите семафори експлодираше возило од типот „Ибица“, објави порталот „Фактор“.

Според сведоци на несреќата, нема повредени во возилото се запалило.

Дојде пожарникарска екипа за пет минути и веднаш го изгаснаа возилото. Сите се обидовме да помогнеме. Предниот дел, кај моторот се беше запалено, за среќа нема повредени, велат очевидци на несреќата за Фактор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.