На 24 март, на улицата „Разловечко Востание“ во стан во сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.

Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.