Двајца пиротехничари во дирекцијата за заштита и спасување се повредени откако при дислокација на ракети кои се користат против град се случила експлозија.

Информацијата за Сител ја потврди директорот Аднан Џаферовски кој вели дека еден од вработените поминал со лесни повреди, а другиот само со гребаници и се вон животна опасност.

Ракетите по инцидентот се дислоцирани на сигурна локација. Инцидентот го потврдија и од МВР, но засега нема детали бидејќи допрва треба да се изврши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.