Рано утрово околу 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот од куќата на Н.И.(25).

Во експлозијата нема повредени, а оштетени се три патнички возила „ауди“,„рено клио“ и „голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.