Синоќа во 00.23 часот, при интервенција на повик на улица „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т (68) од Скопје, екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.

Ова во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош. Како што соопшти МВР, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.