Едно од трите прегазени девојчиња препладнево во Чаир, според информации на „Алсат“ е во тешка состојба.

Откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир, три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.  Претходно од МВР информираа дека во 10:58 часот е пријавено дека патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски таблици удрило во трите малолетни девојчиња – пешаци.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.