При интервенција на противпожарната единица од Скопје за пожар во барака на скопската улица „Кнез Трпимир“, било пронајдено тело на едно лице.

Како што информираат од МВР, пожарот бил пријавен во попладневните часови на 4 декември, во барака во сопственот на 71-годишен скопјанец. При интервенцијата на пожарникарите кои успеале да го изгаснат огнот, било пронајдено тело на едно лице.
Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а телото било предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.