Вчера претпладне пријавен бил пожар во помошна просторија од куќа на жител на тетовското село Палатица. Огнот најпрво пламнал во подрумска просторија каде бил поставен котел за парно греење, по што брзо се проширил наоколу.

Опожарена е покривната конструкција на помошната просторија, а оштетена била и фасадата од куќата.

При гаснењето на пожарот, во кое со 3 возила учествувале тетовските пожарникари, се повредил Р.А. (33), син на сопственикот на куќата и со медицинско возило пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

За нецел час пожарот бил целосно локализиран.

Извршен е увид и се утврдува причината за пожарот, околностите во кои се случил и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.