Четири лица, меѓу кои и малолетник, се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во Ченто.

Во СВР Скопје вчера во 19:57 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје, кое првично избегало од местото на незгодата, но набрзо било сопрено од страна на полициски службеници.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.