Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера во 16:00 часот ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б..

Врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, информираа денеска од МВР, бил извршен претрес во домот на А.М., при што бил пронајден и одземен хероин. Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.