Основниот кривичен суд во Скопје денеска му изрече една и пол година затвор на поранешниот началник во УБК Горан Грујовски, кој се наоѓа во бегство во Грција, во повторената постапка за случајот „Тврдина 2″.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.

Изречената казна е иста како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење, бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.