Вчера во 11.03 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека во затворот, во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка, службените лица пронашле марихуана.

Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.