Единствениот уапасен василичар на 13 јануари во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски на фејсбук објави дека бил на 4-часовен распит во полисиката станица во Струга. Иако полициските службеници кои го испитувале биле коректни, му се заканува една година затвор.

Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа службениот разговор беа коректни. Добив 3 прекршочни пријави и 1 кривична пријава, стои во Фејсбук статусот на Влајнкиноски.

Тој објаснува што му се става на товар, а максималната казна е 1 година затвор.

1️⃣ Кривична пријава по член 206 од КЗ, кој предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
1️⃣. 1️⃣ Сум учествувал во прослава 🥳
1️⃣. 2️⃣ Сум повикувал и поттикнувал и други граѓани на групна прослава 🕺💃🥳
❓ Прослава најверојатно мислат како таа што беше во Штип кога прославуваше раководството на СДСМ победа на избори на кои сами учествуваа.
🗣️ Во Вевчани немаше никаква прослава, па оттука ниту пак јас учествував во прослава, а уште помалку повикував на групна прослава 😉
2️⃣ Омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба 🤥
🗣️ Најодговорно тврдам дека такво нешто немаше!
3️⃣ Неовластено снимање 📸
🗣️ Не знаев дека треба овластување за снимање на јавен настан кој се одвива на јавен простор 🤔 кој истиот настан го снимаа, фотографираа, стотици граѓани, новинари и фоторепортери.
4️⃣ 20 евра за неносење заштитна маска;
🗣️ Признавам – виновен сум 🤗
Нема предавање, борбата продолжува!
Да живее Вевчани и Македонија!

👮‍♂️ Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа…

Posted by Ѓорѓи Влајнкиноски on Saturday, 16 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.