Единаесетгодишно девојче било силувана во текот на една година од нејзиниот прв братучед (19 годишен)кој бил пријавен на 03.02.2020. Според изјава на нејзината мајка за ТВ21 полицајците ја отстраниле мајка и од просторијата кога зборувале со девојчето на кое му рекле да ја смени изјавата бидејки, татко и ќе заврши во затвор.

Од полиција и препорачале на малолетничката да посети психијатар, но таа се плаши да оди. Дека 11 годишното девојче е силувано е потврдено и од Гинеколошка болница. ТВ21 најавува дополнителни информации за овој случај, кои ќе ги објави во наредните денови.

Пред 3 недели и било роденден, наполнила 11 години. Но роденденот го поминала плачејќи поради траумите, како што вели таа, од силувањето од 19 годишен братучед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.