Единаесет лица се повредени во вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три од нив е причинета материјална штета.

СВР Скопје во денешниот билтен информира дека се санкционирани девет возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 15 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Сакнционирани се и 25 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и осум возачи за неносење на сигурносен појас.

Сообрачајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 70 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.