Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, откако вечерва во 17.53 часот патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од село Чегране, гостиварско, излетало од коловозот, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – дополнија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.