Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци, еден човек го загуби животот, а неколкумина други се повредени.

Од Итната медицинска помош потврдуваат за МИА дека има најмалку една жртва, но дека не може со сигурност да се каже точниот број на повредени.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, вели дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.