Загинат возач, тешко повреден пешак и девет полесно повредени, е билансот од двете од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа во Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи почетници, 24 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, а исклучени се и 17 нерегистрирани возила.

Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот” подигнал 50 возила.
Санкционирани се 50 двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, деветмина возчаи за поминување крстосница на црвено светло, двајца за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и шест лица за некористење заштитен шлем односно кацига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.