Eдно лице загина во сообраќајната несреќа што се случо вчера околу 13.00 часот во село Арачиново, скопско.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б. (22) од село Арачиново.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал.

Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од село Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.