Едно лица загина, а друго е тешко повредено во сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, потврди директорката на Здравствениот дом во Кавадарци, Билјана Филипова.

Според Филипова, тешко повреденото лице, од кавадаречката болница е пренесено на скопските клиники.

Се судриле џип „хјундаи” и „голф”. Увидот е во тек, а сообраќајот е пренасочен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.