Едно лице е тешко повредено, а уште три се здобиле со лесни повреди синоќа во сообраќајна несреќа на возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од село Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Албанија на автопатот Тетово – Скопје, после село Желино.

Како што соопшти МВР, во сообраќајна незгода која што се случила во 22:15 часот, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.