Едно лице е повредено во пожар што денеска попладне избувна кај месноста ,,Штабот” над атарот на село Габрово. Во моментот на терен е Територијалната противпожарна единица од Делчево која веднаш по дојавата се упатила кон опожареното место.

На терен овде има три возила и осум пожарникари. Месноста се вика Штабот и пожарот се шири во правец од над селото Габрово кон депонијата Острец, информираше пожарникарот Лоренцо Трајановски.

Од Итната медицинска помош ја потврдија информацијата за повредата, посочувајќи дека повеќе информации за состојбата на повредениот ќе соопштат во текот на денот.

Екипи на ТППЕ Делчево и понатаму остануваат на терен до локализирање на пожарот кој се уште е активен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.