Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија.

Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки“ управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес“ управуван од М.К.(38) од С. Македонија, стои во полициското соопштение.

На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој бил сопатник во автомобилот „сузуки“, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

Увидот треба да потврди која е причината за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.