Еден починал на лице место, друг на пат кон болница, детали за кобната сообраќајка

Црна хроника 07.11.2019 / 21:17

На регионалниот пат Демир Капија- Неготино, во близина на клучка с.Тремник, вчера во 13.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Е.К.(40) од с.Тремник, неготинско, и патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Н.(51) од Неготино.

Притоа, Е.К. починал на местото на настанот, а М.Н. починал на патот кон болница.

Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.