Автомобил изгорел во Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во дневниот билтен пренесуваат информација дека вчера кумановските пожарникари еден час го гаселе пожарот на запалено патничко моторно возило. Возилото се наоѓало на улицата „Никола Тесла“.

На пожарот интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарно возило од 18:35 до 19:35 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.