Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово, кај селото Ласкарци.

Длабоко сум трогнат и вознемирен од оваа трогателна вест и во овој горчлив миг за нашата земја, за нашите граѓани, дозволете да ја споделам болката со блиските семејства, пријателите, сограѓаните на жртвите, на повредените и сите оние што беа учесници во оваа човечка трагедија. Изразувам верба и желба ваквите тажни мигови за нашата земја, никогаш да не се повторат. Нашите молитви се со повредените, со желба да заздрават што побрзо и да се вратат во своите домови, покрај своите блиски, наведува Џафери.

Упати благодарност до сите граѓани и целиот медицински капацитет за покажаната хуманост на дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.