Две лица заработија кривична пријава за вчерашниот инцидент меѓу навивачките групи ЊФаланга“ и „Лозари“. Според МВР тие го нападнале полицискиот службеник кој заработи повреди.

„На 28.11.2020 околу 13.20 часот на ул. „Борис Кидрич“ и ул.„Партизанска“, кај кружниот тек во Штип, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу навивачките групи на ФК Брегалница од Штип и ФК Тиквеш од Кавадарци. Полициски службеници кои вршеле службени дејствија со намера да го спречат нарушувањето презеле соодветни дејствија. При тоа полициски службеник од страна на Н.Д.(20) и Х.Ѓ.(21) двајцата од Кавадарци бил нападнат со тврд предмет и со пиротехничко средство. Против Н.Д. и Х.Ѓ. ќе биде поднесна кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по чл.383 ст.1 од КЗ. Од страна на полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес – ОВР Кавадарци се преземени координирани мерки при што до сега е утврден идентитетот на 17 учесници во овој настан. Лицата се повикани на информативен разговор во службените простории, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на останатите учесници во настанот. По целосно документирање и против останатите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.