Двете жени кои се на Клиника се во крајно тешка состојба. Тие се на вештачко дишење и се во кома, нивната состојба се влошува, вели Илир Хасани, директор на клиниката ТОАРИЛУЦ.

Состојбата е крајно тешка за двете жени кои се на единицата за интензивно лекување, нема промени за подобрување, за жал не можам да ви кажам никаква добра вест во моментов. И во моментов се во кома, состојбата се влошува“, изјави Хасани

Мажот, пак, кој се наоѓа на Клиниката за неврохируршки болести е тешка, но стабилна, и тој се наоѓа на апарати за вештачко дишење.

Досега има четири жртви од експлозијата на плинската боца во Романовце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.