По две агонија, безживотното тело на исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, беше пронајдено во водите на реката Лепенец во населбата Бардовци, општина Карпош, објави ТВ 21.

Како што изјави Бекир, таткото на починатиот, телото го пронашол еден локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Таткото истакна дека е разочаран од институциите кои, како што уверува, не преземале мерки за да откријат кој го однел неговиот син. Пред две години безбедносните камери на раскрсниците го снимиле Арбен како се качува во еден автомобил и оттогаш му се губи секоја трага.

Со тоа што е пронајден, 50% ми е олеснат товарот. Знам каде му е местото и сега можам да ги организирам сите верски ритуали. Две години живеевме во агонија, рече Бекир Аслани.

Од Основното јавно обвинителство велат дека ќе го чекаат извештајот од обдукцијата на телото со цел утврдување на причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.