Две возила се излетани од пат по тешка сообраќајна незгода на патот Охрид-Кичево. Според очевидци се работи за патнички автомобили бмв и опел. Едно од возилото е со гостиварски регистарски таблички.

– Има повредени лица, двете возила се излетани надвор од патот. Неодамна на истото место имаше сообраќајна незгода. Време е да доправи започнатиот автопат. На овој пат постојано има незгоди – вели очевидец кој во моментот е на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.